Sunday, November 11, 2012

Големи се шансите да се врати Фил


Шансите дека Фил Џексон ќе се врати на просторите на централниот дел на Лос Анџелес се многу големи.Но,Фил може да се врати во Лекерси не како тренер,може да се врати и како обичен вработен во Лос Анџелес Лејкерс.Но шансите дека Фил
ќе се врати како тренер се 60%,а како обичен вработеник 40%,сепак ништо не се знае.Доколку Џексон не се врати на старата позиција како тренер на Лос Анџелес Лејкерси,Лејкерси ќе почнат преговори со Мајк ДиАнтони.

Лирард оди се кон подобро

Новиот играч на Треил Блејзерси,односно Дејмиан Лилард до сега во НБА сезонава има просек од неверојатни 18.6 поени,7.2 асистенции,3.4 скока и 1.2 украдени топки по натпревар,а ова му е само прва сезона,односно Лилард е руки.Ако продолжи со ова темпо,може да ја добие наградата Руки на годината (англиски:Rookie of the year).Во трката за Руки на годината единствен тежок ривал му е центарот Ентони Дејвис.

Лејкерси пратија понута на Џексон


Официјално ,Лејкерси му испратија понуда на Фил Џексон,да се врати на старата позиција како нивни тренер.Поранешен тренер на Лејкерси е сега отпуштениот Мајк Браун,кој и покрај фантастичната петторка на Коби Брајант,Двајт Хауард,Сти
в Неш,Пау Гасол и Мета Ворлд Пис(Рон Артест) успеа да победи само една победа во досегашниот тек на сезоната.Моментално Лејкерси се под раководство на Брејн Бикерсафт.Се очекува Фил да одговори за кратко време.

Дејвис се запиша во НБА историјата


Новиот играч на Хорнетси а воедно и руки,Ентони Дејвис,уште во својата прва сезона успеа да се запише во НБА историјата.Натпреварот Њу Орлеанс Хорнетс : Шарлот Бобкетс заврши со победа на Хорнетси со 107:99.Дејвис во него од одигран
и 36 минути имаше 23 поени,10 скока,2 асистенции,2 украдени топки и неверојатни 5 блокади.Со тоа се запиша во историјата на НБА како првиот играш под 20 години кој имал над 20 поени,10 скока и 5 блока во натпревар.За најдобар руки играч оваа сезона,кандидати кој најмногу се докажаа до сега во сезоната се Дејмиан Лилард и Ентони Дејвис.